.

.

LSPR Alumni Club

ЛСПР Алумни клубот претставува здружение на ЛСПР дипломци кои претходно ја завршиле својата ЛСПР едукација, и овозможува успешно поврзување и вмрежување на сите стари и нови дипломци.

Целта на Алумни клубот на ЛСПР е негување на интересот на нашите дипломци во нивната желба за понатамошна професионална надградба преку бројните поволности:

  1. Вмрежување и комуникација со сите ЛСПР дипломци и можност за остварување на деловни контакти.
  2. Известување за актуелните новости и теми во светот интегрираните комуникации, поточно во сферата на односите со јавноста и маркетингот преку месечен билтен/newsletter
  3. Организирање на бесплатни предавања на актуелни теми од оваа област
  4. Посебен попуст за препорачаните нови слушатели на Лондонската школа за односи со јавноста од актуелните дипломци.

 

Продолжуваме заедно! Бидете дел од овој ланец на контакти каде ќе можете да остварувате и развивате професионални врски и да бидете во тек со најновите теми.