ШТО Е ЛСПР?
Лондонската школа за односи со јавност (London School of Public Relation, скратено ЛСПР) е основана во 1992 година и истата беше активна на територијата на Македонија пред 20 години. Директор на школата е г-дин Џон Далтон.
Со доаѓањето на Represent Communications во Скопје во септември 2017, Лондонската школа за односи со јавност се врати повторно во Македонија.
ЛСПР е признаена по квалитетни и единствени образовни програми. Истовремено е специјализирана за односи со јавност, управување со угледот, управување со криза, кризно комуницирање, брендирање и маркетинг, како и во нови модули за социјалните медиуми и дигиталниот маркетинг.
МИСИЈА НА ЛСПР
Основната мисија на ЛСПР е да им обезбеди на студентите најдобро знаење во избраните области и да создаде професионалци подготвени за сите предизвици со кои може да се соочат на професионалниот пат. ЛСПР смета дека традиционалниот ПР веќе не е доволен за ефикасно комуницирање и градење репутација и затоа сите програми на ЛСПР се прилагодени на потребите на пазарот.
Лондонската школа за односи со јавноста е призната од ITOL (Институт за обука и професионално учење), NUJ (Национална унија на новинари) и CPD (Континуиран професионален развој).
Освен во Велика Британија, ЛСПР постои и во други земји преку LSPR Worldwide.
Во моментов е присутна во Белорусија, Бугарија, Чешка, Македонија, Малезија, Црна Гора, Полска,Руска Федерација, Србија, Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.