
ШТО Е ЛСПР?
Лондонската школа за односи со јавност (London School of Public Relation, скратено ЛСПР) е основана во 1992 година и истата беше активна на територијата на Македонија пред 15 години. Директор на школата е г-дин Џон Далтон.
Со доаѓањето на Represent Communications во Скопје во септември 2017, Лондонската школа за односи со јавност се врати повторно во Македонија.
ЛСПР е признаена по квалитетни и единствени образовни програми, и истовремено е специјализирана за односи со јавност, управување со угледот, управување со криза, кризно комуницирање, брендирање и маркетинг, како и во нови модули за социјалните медиуми и дигиталниот маркетинг.
ПРОГРАМА
Програмата на ЛСПР е изработена во согласност со моменталните потреби на пазарот и ги опфаќа сите потребни знаења во специфични области. Образовните модули на ЛСПР се дизајнирани и одбрани да им овозможат на студентите на ЛСПР најдобро знаење и искуство.
Принципот на учење на ЛСПР е посебен бидејќи покрај теорискиот дел студентите имаат и практична работа преку која можат да го тестираат стекнатото знаење во реални ситуации. Се што се учи во ЛСПР се темели на потребите во реалниот свет. Ние веруваме дека комбинацијата на теорија, пракса и искуство е клучот на успехот на нашите студенти.
ПРЕДАВАЧИ
Предавачите на ЛСПР се внимателно одбрани реномирани експерти во својата област кои со помош на своето искуство можат да пренесат квалитетно знаење. Сите предавачи поминуваат евалуација од студентите и ЛСПР како би го обезбедиле и задржале високиот квалитет на наставата.
Директор за Дигитални медиуми во Fabrika d.o.o Сараево
Директор и главен уредник во ТВ Телма, Македонија
Член и претседател на Управниот одбор на Триглав пензиско друштво АД Скопје.
Уредник во ТВ 24 и автор, Македонија
Директор на Represent Academy
Писател & Говорник & Storyteller, САД
Eкспертка за корпоративни комуникации во А1 Македонија
Директор на Лондонска школа за односи со јавност, Англија