
ПРОГРАМА ЛСПР
Програмата ЛСПР е изработена во согласност со моменталните потреби на пазарот и ги опфаќа сите потребни знаења во специфични области.
Образовните модули на ЛСПР се изработени и селектирани со цел да им овозможат на студентите најдобро знаење и искуство.
Принципот на учење на ЛСПР е специфичен, бидејќи покрај теоријата студентите извршуваат и практична работа со што имаат можност да го тестираат стекнатото знаење во реални ситуации. Се што се учи во ЛСПР се темели во реалниот свет. Ние веруваме дека комбинацијата на теорија, пракса и искуство е клучот на успехот на нашите студенти.
ПРОГРАМА ЗА ЛСПР ГЕНЕРАЦИЈА 2023:
Вовед во односи со јавноста
Односите со јавноста често се сметаат за иновација од крајот на дваесеттиот век, но треба да се истакне дека првите траги може да се идентификуваат со одредени активности дури и во античката ера.
- Фази на развој на односите со јавноста
- Како да препознаете односи со јавност и какви квалитети треба да имаат
- Улогите на експертите во односите со јавноста
Односи со медиуми
Пред да почнете да соработувате и да им се обраќате на медиумите, мора да се разграничат основните разлики помеѓу поединечни медиуми за да на секој од нив им се понуди и обезбеди она што им е потребно.
- Како размислуваат и работат новинарите
- Различни медиуми, различни пристапи
- Основни правила за комуникација со новинарите
Комуникациска стратегија
Поставувањето на комуникациската стратегија подразбира претходни знаења и вештини, многу работа и труд, размислување, координација, и воедно станува збор за многу креативна и предизвикувачка задача.
- Прелиминарна анализа на состојбата ( заедница, пазар, околности)
- Комуникациски пристап – поставување на стратегија
- Имплементација на стратегијата – инфраструктура и подготовка, канали, средства, тактики, комуникациски активности( календар)
Корпоративно комуницирање
Корпоративната комуникација е процес на имплементирање на корпоративниот идентитет во корпоративниот имиџ и репутација. На овој модул ќе откриете што е:
- Корпоративен идентитет
- Корпоративен имиџ
- Корпоративна репутација
Комуникација на брендови и ООП
Основната карактеристика на корпоративните комуникации е специфичниот стил кој е препознатлив во секој од неговите елементи. Истотака ќе откриете и кои се:
- Основите на репутацијата и брендот
- ПР и управување со репутација
- Најдобри примери на стратегии за репутација
Кризно комуницирање
Кризата ја дефинираме како сериозен инцидент што влијае на човековата безбедност, на околината, производите или угледот на организацијата. Обично таквиот инцидент се карактеризира со непријателски став на медиумите.
- Кризата како менаџерски предизвик
- Влијанието на кризата врз бизнисот
- Процес на управување со кризи
Обуки за јавен настап
Обуките за јавен настап ќе Ви овозможат практични вежби, но и запознавање со основните правила за јавен настап.
- Медиумска сцена
- Подготовка за настап во медиумите
- Практична вежба и евалуација
Storytelling
Живееме во време кога секој со лаптоп и пристап до интернет може да стане раскажувач, писател, публицист, видео креатор. Поединци сами креираат и споделуваат содржини и одлучуваат кога и како ќе ги следат темите кои ги интересираат. Во мноштвото приказни е тешко секоја да ја пронајде својата публика, да отскокне и да го задржи подолго вниманието. Приказната на продавачот е онаа што продава, приказната на лидерот е онаа што ги мотивира и инспирира следбениците, приказната е онаа поради која во време на брза и интензивна размена на информации некој останува запаметен.
Во рамки на овој модул:
- Ја деконструираме структурата на добра приказна.
- Техники на раскажување во различни области за маркетинг, за fundraising, мотивирачки итн.
- Поставување на прашања и барање одговори и решенија “outside of the box”.
- Планирање и креирање на содржини за интернет (digital & visual storytelling)
- Pitch design за конкретни ситуации
Комуникација на социјални медиуми
Дигиталните комуникации вклучуваат различни начини на користење на современите технологии со цел да се создаде посакуваната перцепција за организацијата и управување со нејзината репутација.
- Како да се комуницира на социјални медиуми?
- Следење на дигиталните канали
- Управување со кризи на интернет