Лондонска школа за односи со јавност

No Image

Џон Далтон

Директор на Лондонска школа за односи со јавност, Англија

Џон Далтон е препознатлив во Управување со репутација/углед особено во нејзините сродни дисциплини за управување со кризи и кризен менаџмент.
Со неговиот background како биохемичар и експерт Биолог привлече големо внимание со холистичкиот пристап кон односите со јавноста и управувањето со репутација/углед.

Претходно, Џон Далтон бил уредник на Current Opinion in Gastroenterology и работел со некои од водечките светски научници.

Во доцните 1990-ти, Џон ги пренасочил своите интереси кон големи инциденти  и управување со кризи, особено оние кои вклучувале значителна закана за јавноста.

Џон има развиено многу брендови во текот на неговата кариера и е партнер на голем број други бизниси поврзани со консултански менаџмент и издаваштво.

Џон пренесе знаење за Управување со репутација/углед и нејзини дисциплини во повеќе од 30 земји. Тој е  автор и на многу книги и  безброј објавени деловни и економски статии.

Во 2012 година тој допринесе во издавањето на голема книга за Управување со репутација, објавена од Bloomsbury заедно со некои од  водечките авторитети за управување со кризи и репутација на глобално ниво.

Посебен интерес за Џон е тоа, како организациите можат да изградат репутациски способности со цел да  бидат поотпорни на ризиците од новонастанатите проблеми.

Како ентузијастички застапник за критично размислување и превентивно планирање, Џон разви специјален метод на обуки кој ги поттикнува клиентите  да размислуваат за своите брендови како да се заштитат и подобрат во ерата на социјалните медиуми и брзите промени.

Во прилог на наставата Џон обезбедува и консултански услуги  за интернационални компании особено за фармацевтската и нафтената индустрија, како и советување  на невладините организации и странски влади.

Како член на Меѓународниот институт за стратешки студии, Џон има голем интерес за угледот и ризиците кои ги претставуваат меѓународните безбедносни закани за корпорации и невалдини организации.

Во 2012 година тој стана директор на Центарот за управување со кризи и кризен менаџмент кој дејствува како советодавна служба на интернационалните корпорации кои ги истражуваат глобалните ризици за нивните брендови.

Џон беше инструментален во проширувањето на опсегот на традиционалниот менаџмент на репутација преку поттикнување на организациите  и невладините организации да бидат повеќе свесни и информирани за тоа како геополитичките настани можат да влијаат врз брендовите и нивната оперативност.

Џон Далтон е автор на  голем дел од содржината на курсот на ЛСПР и активно вклучен во голем дел од обуката и професионалните насоки на клиентите и учесниците на курсот. Тој е моќен и мотивирачки предавач и говорник, а неговиот пристап е од фундаментално значење за успехот на ЛСПР во Британија и на глобално ниво.

Тој има долгогодишно искуство во радио и телевизија во живо, вклучувајќи ги и BBC I Al-Jazeera, и им помага на клиентите со совети за обликување на пораки за развој на личен бренд.

Во текот на 1990-те, Џон се прошири и зеде ЛСПР на 17 глобални франшизи, вклучувајќи ги: Словенија, Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија,Турција, Индија, Сирија, Русија, Белорусија, Грузија, Чешка, Малезија, Полска и Латвија.

Џон е секогаш среќен да поминува време помагајќи им на клиентите и учениците да ги развијат своите знаења и способности.

Неодамна го има свртено вниманието кон социјалните медиуми и нивното вијание, кризното раководство и личното брендирање.

Како колега од Институтот за обука и професионално учење, Џон има голем интерес за обука и безбедност на сложените прашања и теми, да ги поедностави за да клиентите можат да ги апсорбираат новите вештини и способности.