Емилија Зографска
Eкспертка за корпоративни комуникации во А1 Македонија
Со повеќе од 15 години истакната експертиза во областа на корпоративните комуникации, Емилија е искусен професионалец во креирањето и водењето надворешни и внатрешни комуникациски стратегии и иницијативи како и креирање комуникациски стратегии за време на кризи. Во текот на професионалниот ангажман во моќни меѓународни групации го носи искуството за неа дека навремена и стабилно подготвена кризна комуникација несомнено игра значајна улога во заштитата на корисниците, вработените и организацијата во целост.
Во долгогодишната кариера во корпоративните комуникации и односи со јавност, Емилија покажува исклучителен ангажман во креирањето и спроведување на проекти за унапредување на имиџот и репутацијата на брендовите преку развивање и ефективно спроведување на комуникациски стратегии и демонстрира уникатен спој на стратешка визија и практично извршување. Поттикнувајќи крос-функционална тимска работа доаѓа до израз нејзината способност да синтетизира сложени идеи во јасни, привлечни пораки што е клучно за оформување на јавното мислење, мислењето на самите вработени и позиционирање на брендот.
Претходниот професионален ангажман како новинарка и уредничка на вести на две национални телевизии го прави искуството богато со знаење и брзо совладување на новите перспективи во развојот и управувањето со иновативни, нови канали за комуникација за подигање на имиџот и видливоста на брендот за кој работи.