Лондонска школа за односи со јавност

No Image

Д-р Борислав Миљановиќ

Основач & Директор/ Represent System

Д-р Борислав Миљановиќ е основач и директор на регионалната групација Represent System, која ја сочинуваат специјализирани агенции во областа на односи со јавноста и дигитални комуникации Represent Communications во Белград, Подгорица, Скопје, Бања Лука и Сараево, бизнис порталот и списанието BizLife, платформата за аналитика на содржина на интернет Digital Element, Represent Academy - единица посветена на едукација, и WebMind - дигитална платформа која ги истражува темите поврзани со новите интернет технологии, гејминг индустријата, случувањата во WEB 3 светот (Blockchain, Crypto, NFT, Metaverse) и технолошката индустрија.
Борислав Миљановиќ ја започна и Лондонската школа за односи со јавноста (LSPR) во регионот, првата специјализирана школа низ која до денес поминале многу генерации стручњаци од оваа област.

Пред да застане на чело на Represent System, д-р Борислав Миљановиќ повеќе од десет години работел како новинар и уредник во бројни медиуми. Тој е заслужен за основањето на службата за односи со јавноста на BK групата и беше првиот официјален претставник за односи со јавноста на НКВ престолонаследникот Александар Втори.

Основните студии ги завршил на Правниот факултет на Универзитетот во Белград, а потоа стекнал звање магистер и доктор по комуникологија на Факултетот за политички науки.

Добитник е на наградата за личен придонес во областа на комуникациите „Срѓан Ѓуриќ“, доделена од неговите колеги од струката – Друштвото на Србија за односи со јавноста. За развој на маркетинг мислата добил награда од агенцијата Taboo, специјализираното списание за маркетинг комуникации. Неговиот придонес во развојот на PR струката е признат и во регионот со наградата Pro.PR Awards. Член е на Управниот одбор на AmCham. Посветен е на примената на новите технологии во комуникациската индустрија.