Лондонска школа за односи со јавност

No Image

Тихомир Петрески

Член и претседател на Управниот одбор на Триглав пензиско друштво АД Скопје.

Тихомир е дипломиран економист на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје, формално образование кое во 2020 година Тихомир го надоградува со титулата магистер по менаџмент стекната на Економскиот факултет на УАКС во Скопје.
Во Триглав пензиско друштво доаѓа од позицијата генерален менаџер и основач на консалтинг компанијата ПЕТРЕСКИ и ПАРТНЕРИ дооел Скопје која на македонскиот пазар активно делува повеќе од 12 години. Зад себе има значајно професионално искуство во корпоративниот сектор, стекнато на повеќе раководни функции на домашниот и на интернационалните пазари за време на својата корпоративна професионална кариера.

Петрески поседува и повеќегодишно наставно искуство, стекнато низ неговото активно учество во формалното образование како дел од наставниот кадар на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, но и во неформалниот образовен сектор како обучувач и организатор на различни видови на тренинзи и обуки за човечките ресурси во повеќе компании во земјата и регионот.