Лондонска школа за односи со јавност

No Image

Мет Мари

Писател & Говорник & Storyteller, САД

Мет Мари е автор на книгата The Book of What If...?, основач на What If...? Curiosity и креатор на специфичен процес на учење базирано на љубопитност, поставување прашања и барање одговори.

Мет ја користи љубопитноста за да им помогне на наставниците, претприемачите, извршните директори и емпатичните лидери да ја претворат нивната природна љубопитност во сила за учење, иновации и соработка за подобар свет. Мет долги години работеше како волонтер на Мировниот корпус, предавал, а истовремено и учел за нови култури и модели на однесување во деловниот свет на три континенти, Европа, Америка и Азија. Има напишано седум книги заедно со неговиот татко Стив Мари.

Мет предавал англиска литература, креативно пишување и претприемништво на Westminster College и бил колумнист на познатиот Huffington Post портал. Денес, тој е социјален претприемач и „edupreneur“ кој постојано го преиспитува преку прашања и одговори сето она што во секојдневниот живот го земаме здраво за готово. Живееме во време кога секој со лаптоп и пристап до интернет може да стане раскажувач, писател, публицист но Што ако…? во мноштвото приказни е тешко да ја пронајдеш својата публика. Што ако… и креаторите на content и читателите заслужуваат подобро и повеќе?