Лондонска школа за односи со јавност

No Image

Ламбро Патче

Менаџер за односи со јавноста и комуникации, Пивара Скопје АД

Веќе 20 години е дел од Пивара Скопје АД (Coca-Cola HBC и HEINEKEN) каде што работи на разни стратешки проекти. Член е на Senior Leadership тимот, со богато искуство во секторот за Набавки и секторот за Односи со јавноста.  Во моментов е задолжен за тимот за Кризен менаџмент, како и тимот за Иновации. Член е на Управниот одбор на Стопанска Комора на Македонија, на Ракометната федерација на Македонија, на Пакомак и на Американска стопанска комора на Македонија (AmCham).

Своето знаење го надоградува со континуирани обуки во склоп на Coca Cola HBC, HEINEKEN Академија и други. Како љубител на волонтерството, учествувал во голем број на волонтерски акции во склоп на компанијата Пивара Скопје АД. Говори неколку јазици и е голем фан на фотографијата.