Лондонска школа за односи со јавност

No Image

Мр. Верче Георгиевска-Рупиќ

ПР експерт, Македонски Телеком, Македонија

Верче Георгиевска-Рупиќ е ПР експерт со повеќе од 11 години искуство во односите со јавност.  Својата кариера како експерт во односите со јавност ја започнува во Македонски Телеком, телекомуникациски лидер во Македонија, како менаџер за надворешна комуникација. Пред да го прифати предизвикот да работи односи со јавност, долги години беше посветена на новинарството, работејќи како новинар којшто покрива различни теми од општествениот живот.
По професија е дипломиран новинар на Правниот факулет во Скопје, со завршени пост-дипломски студии, стекнувајќи се со титула магистер по односи со јавност и комуникација во 2011 година.

Георгиевска-Рупиќ во текот на својата кариера имаше можност постојано да разменува искуства и да се надградува во односите со јавност од докажани ПР професионалци на светско ниво, имајќи го предвид фактот што Македонски Телеком е компанија членка на Дојче Телеком Групацијата, лидер во телекомуникациската индустрија не само во Европа туку и пошироко.