Лондонска школа за односи со јавност

No Image

Мр. Уна Бејтовиќ

ПР експерт, Bejtovic Communications, БиХ

Уна Бејтовиќ е родена во Сараево во 1977 година каде што завршува Втора Гимназија, Филозофски факултет, отсек Литерaтура на народот на Босна и Херцеговина и босански јазик и магистрира на центарот за интердисциплинарни постдипломски студии на Универзитетот во Болоња и Универзитетот во Сараево, Демократија и човекови права во Југоисточна Европа.
Јавните настапи ги започнува во детска градинка повикувајќи ги децата на микрофон кога доаѓале да ги земат родителите. Од тогаш до денес, позади неа има илјада часа  радио и телевизиски  програми во живо во кои има улога на модератор во сите можни форми.

Пред 25 години, од декември 1993, ја започнува својата медиумска кариера како шеснаесетгодишна девојка, на радиото ISV  во Сараево за да потоа помине шест години во  радио М, а во следните неколку години и во редакцијата за утрешна програма на ТВ ФБиХ.

Во тој период, но и во наредните години, покрај радио и ТВ програмите во живо, има реализирано десетина  концерти и настани  во сите  форми, соработувајќи со најзвучните музички имиња.

По десет години во медиумите, по магистратурата,  влегува во областа на односи со јавноста, а по искуството и во приватниот, невладиниот и владиниот сектор, каде што работела во кабинетот на Министерот за надворешни работи во 2009 година, ја започнува својата кариера како консултант за односи со јавност. Најчесто соработува на проекти од културата, човековите права и бизнис секторите. Во својата богата кариера забележува услех и во покривање на Breaking news приказните на CNN international Desk  во Атланта, во април 2006, а особено сака социјално ангажирани проекти. Исто така е ангажирана и како тренер за јавни настапи и презентациски вештини.

Таа е добитник на наградата PRO.PR  за извонредност во однос со јавноста и придонес во развојот на професијата во БиХ за 2013 година. На почетокот на 2014 година ја основа агенцијата за Односи со јавност “Bejtovic Communications“ која изминатите години успешно реализира повеќе од 150 проекти во сите сектори.