Лондонска школа за односи со јавност

No Image

Тихомир Петрески

Директор на Petreski&Partners, Македонија

Дипломиран економист во кластерот на маркетингот и надворешната трговија при Економскиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Поранешен Генерален Директор на АД Пивара Скопје, (Хајнекен и Кока-Кола Хеленик Македонија), поранешен претседател на управниот одбор на Фреш&Ко. сопственост на Кока-Кола Хеленик во Србија, поранешен член на Советот на Народната Банка на Македонија.
Изградено професионално искуство во корпоративниот деловен сектор, каде извршува повеќе раководни и менаџерски функции на локалните и меѓународните пазари, надополнето од дополнителните професионални ангажмани на различни домашни и меѓународни проекти доделени на неговата Компанија за менаџмент и консултантски услуги Петрески&Партнери, која на пазарот во Македонија успешно работи повеќе од една деценија.

Во овој период, Петрески успева да развие, раководи и заврши повеќе од 50-тина проекти во сегментот на мали и средни бизниси, и тоа, и како независен консултант и како партнер-консултант на Европската Банка за Поддршка на Развојот во Република Македонија со која активно соработува од 2012 година.