
Нада Филиповиќ
Mенаџер за комуникации за Србија, Црна Гора и Македонија во The Coca Cola Company, Србија
По студирањето на Универзитетот во Белград, ја започнува својата кариера во областа на комуникациите како менаџер за Односи со јавност во Bel Pagette, првата телекомуникациска компанија во Србија. По тоа е ангажирана како директор за јавни работи и менаџер за конференција во Tsomokos Group International, во која соработувала со клучни домашни и мултинационални компании, како и со Владата и институциите. McCann Erikson PR е следна дестинација, во која го водела здравствениот сектор, одговорна за клиенти од областа на здравството.
После долгогодишно агенциско работење, ја презема позицијата управител за внатрешни и надворешни комуникации во најголемата домашна фармацевтска компанија Hemofarm Stada.
Своето богато искуство го пренесува во The Coca Cola Company во 2015 година, задолжена за развој на брендот на компанијата, развој и локализирање на комуникациската стратегија на компанијата и нејзините познати светски брендови.