Лондонска школа за односи со јавност

No Image

Мр. Јелена Трниниќ

Директор за односи со јавност и комуникации во The Coca Cola Company, Србија

Со повеќе од 20 години работно искуство, денес Јелена е менаџер за односи со јавноста и комуникации во компанијата Кока Кола во Белград. Завршила високо образование на Универзитетот во Белград, добивајќи диплома за додипломски студии по наука и пост-дипломски студии по инженерство за органска хемија.
Оттогаш, Јелена има изградено силен углед во индустријата, во последно време фокусирајќи се во секторот за комуникации.

Со текот на годините, Јелена била дел од компанијата Тетра Пак во Србија, додека последните 7 години во компанијата Кока Кола во Белград. Од мај 2018 година, Јелена го води секторот за односи со јавноста и комуникации. Нејзината тајна за успех е “брза и адекватна реакција на секојдневните очекувања, зборувајќи за стратегија, развој и напредок преку деловни одлуки, користејќи едноставен и секојдневен јазик кој резонира со луѓето насекаде”.