Лондонска школа за односи со јавност

No Image

Др. Борислав Миљановиќ

Основач и Директор на Represent System, Србија

Represent System го сочинуваат специјализирани агенции во областа на односи со јавноста и дигиталните комуникации, Represent Communications во Белград, Подгорица, Скопје, Бања Лука и Сараево, бизнис портал и магазин BizLife, редакција за креирање на содржини, Content studio, Start-up во областа на дигиталното рекламирање Native Network и платформа за аналитика на содржината на интернет, Digital Element.
Борислав Миљановиќ ја лансираше и Лондонската школа за за односи со јавноста (ЛСПР) во регионот, прво  специјализирано училиште преку кое до денеска поминаа 23 генерации на стручњаци во оваа област.

Пред да застане на чело на Represent System, Др. Борислав Миљановиќ работел повеќе од 10 години како новинар и уредник на бројни медиуми. Тој е одговорен  за основање на службата за односи со јавноста, БК Групација и беше првиот официјален портпарол на НЈКВ Престолонаследник на Александар Втори.

Основните студии ги завршува  на Правниот факултет на Универзитетот во Белград, а потоа дипломира на Факултетот за Политички науки.

Добитник е на награди за личен придонес во областа на комуникациите, доделени од колегите од неговата професија- Здружение за односи со јавноста на Р Србија. Од агенцијата Taboo добива награда за развој на “маркетиншки мисли“, специјализирано списание за маркетинг комуникации. Исто така, неговиот придонес во развојот на ПР професиите е признаен во регионот и од страна на Pro.PR Awards. Посветен е на имплементирање нови технологии во комуникациската индустрија.